Хода: Именувањето на Ќоку како кандидат за пратеник ја внесе во ќорсокак политиката на Албанците во РМ

„Именувањето на Беким Ќоку како кандидат за пратеник од опозицијата ја внесе во ќорсокак политиката на Албанците во Македонија.“ – изјави Бесим Хода, претставник на Здружението на борците на УЧК од 2001 година, во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија. Инаку, Беким Ќоку е политички претставник за Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, но е и официјален претставник во Македонија на владејачката косовска партија „Ветвендосје (Самоопределување), чиј лидер е Курти.



ТВ Клан Македонија ја цитира изјавата на Бесим Хода, дадена во овој контекст: „Ние не треба да ја спуштаме толку ниско својата политика и да заземаме страна: една страна со Еди Рама, друга страна со Албин Курти. Оаа ситуација е многу ниска, бидејќи што ќе се случи кога Курти повеќе нема да биде премиер? Ќе треба ли Албанците од Македонија да го заборават Косово? Тие уште од 1991 година се му дадоа на Косово и сега не смее никој индивидуално да го поделува албанскиот интерес. На Албанците од Македонија им требаат и Хашим и Рама и Курти и сите други. Ова го покажува ниското рамниште на креирањето на политиката, го покажува влегувањето во ќорсокак на албанската политика во Македонија.“

„Овде постои проблем: го имаме Беким Ќоку денес како дел на изборните листи, бидејќи Курти се изјасни дека нема да учествува на изборите и оти не постои Ветвендосје во Македонија. Ова е тотална слабост во политичкото претставување и кај албанската опозиција во Македонија.