Молитва, јога и одредена дневна доза на „шардоне“ е рецептот со кој се опоравува поранешната американска државна секретарка и Првата дама Хилари Клинтон по поразот на минатогодишните претседателски избори, кога Доналд Трамп беше убедлив победник.
Во говорот организиран во њујоршката црква во Риверсајд, таа рече дека до последен момент, дури и на денот на изборите, таа не помислувала дека ќе загуби и дека на крајот се чувствувала целосно поразена и испразнета.
За да излезе од оваа очајна ситуација, таа се свртела кон, самата себе, внатрешните сили, семејството и пријателите.
„Користев неколку „алатки“, вклучувајќи ја и молитвата. Станав благословена со многуте молитви и духовни пораки што луѓето ми ги испраќаа“, рече Клинтон, додавајќи дека имала голема поддршка од семејството и пријателите што се собрале околу неа.
„Пробав јога и ми помогна многу да дишам низ ноздрите, но, морам да признаам, мојата мала дневна доза на шардоне малку ме опушаше”, рече Хилари Клинтон.

Откако изборите му припаднаа на Трамп, Хилари Клинтон одржа говор за своите гласачи кон крајот на ноември, но таа ја почувствувала целосната тежина на загубата дури кога сето тоа завршило и се нашла во автомобилот со нејзиниот сопруг, поранешен претседател Бил Клинтон.
„Бевме на задното седиште на автомобилот што нè врати дома. Не можев ниту да зборувам, јас повеќе немав сила во мене”, призна Клинтон, додавајќи дека во тој период верата била таа што и дала храброст да се крене и да продолжи понатаму.
Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави е многу плодна личност, која со години пишува за нејзините религиозни верувања и верата, кои ѝ помогнале да ги надмине тешките моменти во нејзиниот живот. Иако таа го смета за нејзина приватност, за време на кампањата во 2016 година, своите верувања таа ги сподели со јавноста.
Хилари Клинтон е на прагот на нова турнеја на која ќе ја промовира својата нова книга која всушност е од категоријата мемоари и е наречена „Што се случи“. Поразената претседателска кандидатка за неа вели дека тешко ги напишала мемоарите, бидејќи и било премногу болно повторно да ја преживува кампањата.

„Понекогаш беше тешко да се напише. Понекогаш по неколку страници, морав да легнам, тоа беше толку исцрпувачко. Но, на крајот, се покажа како ослободување“, рече Хилари.





