Конфликтот меѓу Израел и Хезболах додека Израел ја одбележува првата годишнина од инвазијата на Хамас, во која беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа киднапирани.



Ракетите на Хесболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата.

Хезболах соопшти дека целел на воена база јужно од Хаифа со проектил Фади 1 Медиумските извештаи велат дека две ракети паднале во Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале во Тиберија, на 65 километри.

Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница.

Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.