Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги примила претставниците на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија – НОАВМ и граѓани продолжувачи евоциравме спомени за годините од и по НОБ.
,,Како ќерка на борец во НОБ, до денес ги паметам бројните приказни од неговите соборци за пожртвуваноста на татко ми за која се закитил со 3 ордени за храброст.
Со потомците на борците од НОБ денеска се согласивме дека не смееме да ја заборавиме историјата и дека почитувајќи ги личностите кои биле дел од антифашистичката борба, покажуваме дека сме биле и остануваме на страната на прогресот. Хероите коишто ни ја донеле слободата не се измислени. Нивните имиња кажуваат, нивните имиња раскажуваа историска вистина. Тие се дел од нашето национално и културно наследство и заслужуваат неизмерна почит”, објави претседателката на социјалните мрежи.

Сиљановска смета дека Сојузот на борци мора да биде истраен во своите барања да не се менуваат имињата на дел од улиците во Тетово кои носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато.
,,Сите имаме одговорност кон историјата и истата треба да им ја оставиме на нашите деца”, порачува шефицата на македонската држава.






