Видео на кое се гледа како еден од полициските хеликоптери, што се користи за гаснење на пожарите, полни вода од мобилен базен поставен кај селото Богомила, Општина Чашка, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.



„Заради поголема оперативност, во Богомила е наместен голем мобилен базен од кој хеликоптерот црпи вода и го скратува времето за дејство“, вели Ангелов според кој на овој начин се скратува времето потребно за хеликоптерот да појде до река или езеро и да нацрпи вода.