„Пратеничката од Вреди Фериде Хаџиу, остро реагираше остро кон изјавата на потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, кој ‘ја осуди недоволната застапеност на Албанците во институциите’. Преку објава на фејсбук Хаџиу го спореди Османи со ‘подметнувач на пожар, кој се жали дека му гори куќата’!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Газета.мк“.
Порталот натаму истакнува: „Кога Бујар Османи ја осудува дискриминацијата врз Албанците во институциите, тоа е исто како да се жали подметнувач на пожар зошто му гори куќата!“ – посочи Хаџиу. Таа го опиша Бујар Османи и како „симбол на режим, кој ги уценувал две децении Албанците со договори за работа и ги користел за гласови“.
Според Хаџиу, недостигот на Албанци во државните институции е директна последица на политиките, што ги водеа ДУИ и лично Османи. „Добредојде во реалноста, што ја изгради твојата партија ДУИ, Бујар“, рече таа, обвинувајќи ја ДУИ за „нула политичка чесност, нула ветена еднаквост и само срам, пазарење и клиентелизам“.
Пратеничката од Вреди Хаџиу ја завршува својата реакција со барање Османи да замолчи и да му препушти на народот сам да зборува. „Денес го добивате назад она, што сте го посеале: презир и казна.“ – нагласува Хаџиу.






