Хаџиоглу: Турците во Бугарија да добијат статус на малцинство

Претседателот на Конфедерацијата на Турците од Румелија и Балканот вели дека со задоволство ја примиле веста за барањето за доделување на статус на малцинство на Турците во Бугарија.



Зуфретин Хаџиоглу

„Доколку барањето биде прифатено ќе бидат решени голем број проблеми на Турците во Бугарија“ изјавил Зуфретин Хаџиоглу

Тој му се заблагодарил на претседателот на ДОСТ партијата инаку партија на турците во Бугарија, Љутфи Местан,кој прв досега во Бугарија сосема отворено го истакна барањето за доделување на статус на малцинство на Турците во Бугарија.

Љутви Местан, претседател на партијата Демократи за одговорност, солидарност и толеранција (ДОСТ) од Бугарија, во која членуваат Турци и муслимани, побара од државата да признае турско малцинство како што Албанија неодамна призна бугарско.
Педесет илјади Бугари во Албанија имаат статус на национално малцинство, а, на пример, близу еден милион Турци во Бугарија не се! Што сме тогаш?

Одговор нема… Или одговорот е уште поциничен: Просто, не ве признаваме, вели Мастан.

Подвлекувајќи дека Турците бројчано го претставуваат најголемото етничко малцинство во Бугарија, Хаџиоглу вели дека доколку барањето биде прифатено ќе бидат решени голем број проблеми.

Во првата етапа со законска рамка би се заокружило  прашањето за образованието, исто како и прашањето посветено на враќање на вакафските имоти.