Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на тврдењето на ДУИ дека Албанците биле „невидливи“ за актуелната власт бидејќи во посета на Обединетите Арапски Емирати не присуствувал ниту еден претставник од албанските политички партии во Владата.
На ова обвинување од ДУИ Хајредини вели:
„Се истакнавте со казина,
со фудбал во канцеларии,
со ТЕЛЕКОМ и многу други коруптивни афери,
со Соравина,
со Отворениот Балкан на Вучиќ,
со амнестијата на Груевски,
со „бомбите“ на Груби,
со спасувањето на Мијалков,
со рецитирањето на поезијата на Ацо Шопов,
со убиства и затворања на Албанци,
без ни 2 км. изградени патишта,
со млади испратени во странство,
со невработени гласачи со платени пари од буџетот,
со фатени и корумпирани обвинители и судии, финансирани од Јахоски, со целото збогатено семејство…“ пишува Хајредини на Фејсбук.






