Аналитичарот Џевдет Хајредини спори со тврдењето на професорот и министер за односи со странство во првата Влада на Македонија по осамостојувањето, Денко Малески, според кој “…секое попречување да се формира влада може да доведе до сериозна меѓуетничка криза”
„Не, професоре, не сте во право“, реагира Хајредини на Фејсбук.
„Само Али Амети и никој друг, со заканата дека ќе има војна, успева да се одржи на власт и власта, без да одговара, да ја користи за криминал и корупција.
Ако е точно дека Америка ја има таа моќ и тоа влијание да ги построи албанските партии, како што велите Вие, најлесно е да го построи само Али Амети, а не сите партии.
Груевски, за “да биде раат цел мандат”, спротивно на меѓународното право, го амнестира за хашките случаи и од буџетот му ги плаќаше гласачите.
Заев за да ја освои и да се одржи на власт, се согласи да се забрани објавувањето на “бомбите“, продолжи од буџетот да му ги плаќа гласачите и, не само да не го реши, туку да го скрие неговиот корупциски скандал со Маџар Телеком, за, на крајот, он и некои други да се спасат од кривична одговорност,
Владата на Ковачевски предложи и се донесоа измените на Кривичниот законик.
За очекување е, после изборите, пак да се служи со заканата дека може да дојде до “сериозна меѓуетничка криза”, ако ДУИ и натаму не остане на власт“.






