Аналитичарот Џевдет Хајредини, реагира на упорноста на лидерот на ДУИ дека само неговиот „Европски фронт“ е легитимен претставник на Албанците во Македонија и на заканите дека ова прашање ќе го интернационализира.
„Али Амети и ДУИ, со само околу 10 отсто од пратениците на неговата партија во Собранието, не можат ниту да направат, ниту да го спречат членството на Македонија во ЕУ.
Затоа, дури и, како што вели народот, неговото фалење, како и во многу други случаи, не треба да се сфаќа сериозно“, порачува Хајредини во објава на Фејсбук





