„Ковачевски и Али Амети, како главни што одлучуваат, треба и да сносат одговорност за вистинската катастрофа со криминалот и корупцијата во земјата, за последиците од измените на Кривичниот закон, за злоупотрабата на европското знаменце, за договорот со „Бехтел и Енка“, за со тендери украдените пари од буџетот, од европските фондови и од САД, за кои зборуваат амбасадорите на САД и Холандија.
На двајцата треба да им се забрани, не само да бидат носители на листи, туку и кандидати за пратеници“ пишува на Фејсбук политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини.




