Мицкоски го одби барањето на Тачи од ДПА за формирање на новата Влада со Али Ахмети и Зијадин Села!
„Како смеел да го одбие барањето на човекот со најдолг стаж во црната листа на САД!“ прашува цинично во објава на Фејсбук аналитичарот Џевдет Хајредини кој во друг пост додава:
„За (Европскиот – н.з.) „фронтот“ на криминалците, Мицкоски во коалиција со ВРЕДИ е проруски и албанофобичен, додека со „фронтот“ на Али, Тачи и Дудуш станува албанофил и антирусин.
Агресивното и промискуитетно однесување, нивните закани на собири, јасно говорат за нивниот страв од губење на власта и соочување со последиците од криминалот и корупцијата додека беа на власт“ пишува Хајредини и патем потсетува
„ВРЕДИ нема гласачи платени со пари од државниот буџет“.






