Хајредини: Ахмети бесрамно излажа во Швајцарија дека “го има легитимитетот на Албанците“! Вреди го доби мнозинството на нивните гласови!

„Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се спротивстави на изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети на митингот со албанските печалбари во Цирих, во Швајцарија дека Европскиот фронт, предводен од него, „го добил легитимитетот на Албанците во * Македонија“. Според Хајредини, коалицијата Вреди го освоила мнозинството гласови на  Албанците на изборите.“ – објавија информативната агенција Илирија-ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија.



ИНА ја пренесува објавата на Хајредини на фејсбук:  „Не им оспорувам дека победиле на изборите, но Мицкоски не може да направи влада без легитимитет, бидејќи ние сме добиле повеќе од 60 отсто од гласовите на албанското бирачко тело“ – кажа и излажа Ахмети без ронка срам пред печалбарите во Швајцарија. Ахмети не добил 60 отсто од гласовите ниту заедно со некои Турци, Роми и  Торбеши (Македонци-муслимани). Мнозинството на гласовите на Албанците го добиле четирите албански партии во коалицијата Вреди.

Во втора објава на фејсбук-профилот Џевдет Хајредини посочува и на „личните бизнис-способности и семејните компаниски успеси“ на лидерот на ДУИ Ахмети: Сигурно на своите некогашни другари за време на средбите во Швајцарија Али Ахмети им кажува како можеш, ако си на власт, и во Македонија да се збогатиш многу бргу, како што е неговиот пример. Доволно е да ги информира дека, благодарејќи на неговата помош, работат многу успешно и компаниите на синот, на ќерката и зетот, на сватот и неговите браќа со двајцата внуци!

!