Церемонијата на свеченото затворање на Меѓународниот суд за поранешна Југославија ќе се одржи на 21 декември, а десет дена подоцна и официјално ќе биде затворен и ќе престане да постои.



Последното рочиште во Хашкиот трибунал пред два дена помина помалку неславно поради самоубиството на Слободан Праљак, кој испи отров во судницата откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за воени злосторства.

Трибуналот беше формиран на 25 мај 1993 година со резолуција на Советот за безбедност на ОН и 24 години водеше дела против 161 обвинет.

Хашкиот трибунал осуди 90 лица, а 56 од нив веќе ја отслужија казната.

Шест беа осудени на доживотен затвор, седум за геноцид, а 19 беа ослободени од обвинувања.

Десет обвинети починаа пред да се појават пред Трибуналот.

Седум од нив почина по трансферот во Меѓународниот судмеѓу кои и „најславниот“ хашки притвореник – Слободан Милошевиќ.