Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази поддршка за што поскоро зачленување на Македонија во НАТО на средбата со заменичката на генералниот секретар на Алијансата, Роуз Готемелер.
„Што побрзо нашиот регион стане дел од НАТО, и мирот во регионот ќе биде постабилен. Косово се израдува на зачленувањето на Црна Гора во НАТО и ја поздравува можноста и Македонија што побрзо да стане членка“, изјави Тачи.
Во функција на аспирациите на неговата земја за идно пристапување кон северноатлантскиот пакт, Тачи најави трансформација на Косовските безбедносни сили во Оружени сили на Косово преку уставни измени и со учество на сите заедници во Косово.





