Никогаш порано Албанците не биле во подобра историска позиција како во овој момент, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи според кој Албанците се еден народ со две суверени држави и со сон да бидат во евро-атлантските институции.
„Ние сме еден народ со две суверени држави. Двете нашите земји имаат еден сон. Имаат една цел, интеграција во евро-атлантските институции“, рече Тачи на церемонијата по повод 105 години од прогласувањето на независноста на Албанија и Денот на албанското национално знаме.
Тој посочи дека речиси еден век по создавањето на албанската драва, Косово, конечно стана слободно благодарение на неуморните напори кои беа крунисани со борбата на Ослободителната војска на Косово, кој наиде на поддршка во демократскиот свет, во САД, Европската унија и НАТО.
„Албанија е членка на најмоќната воена организација во светот, НАТО а Косово е слободна и суверена држава.“





