„Во * Македонија не може да се каже дека албанскиот бил официјален јазик, па оти е сега загрозен! “ – кажа премиерот на Косово Албин Курти, но на оваа негова изјава реагираше Илир Хасани од ДУИ, пренесува ТВ21. Хасани рече дека е надвор од секаква смисла изјавата на Курти, додавајќи дека ова не може да се оправда ниту со ставање во служба на пријателите на Курти од коалицијата Вреди, која го нема легитимитетот на Албанците во * Македонија.
„Со најголемо внимание го слушав премиерот на Косово Албин Курти и во првиот момент не сакав да верувам во тоа што го слушам од него. Да кажете дека албанскиот јазик не е службен јазик и на тој начин да релативизирате една очекувана одлука на Уставниот суд за отстранување на вашиот јазик од употреба, за што се жртвувани крв, труд, енергија…, и што уште не. Оваа изјава е надвор од секаква смисла. Такво нешто не може да се оправда ниту со тоа што е во служба на неговите пријатели од коалицијата без легитимитетот од Албанците во Р*В. Сега веќе не зборуваме кого Албин ќе го поддржи на изборите, туку за штетата на Албанците во Р*В, која никој нема да може да ја поправи“, рече Хасани.



