Ферхан Хасани беше повреден и ги пропушти средбите со Израел и Албанија, но се враќа за натпреварите број 9 и 10 во циклусот за СП во Русија против Италија и Лихтенштајн кои се на програмата на почетокот од октомври (6. октомври во Торино и 9. октомври во Струмица).
За членот на Динамо Загреб пак, селекторот Игор Ангеловски пред некое време и најави дека ќе му даде шанса да се рехабилитира со црвено жолтите. Аријан Адеми се враќа по двегодишната суспензија поради допинг и тоа само за дуелот со Лихтенштајн.
Од националниот фудбалски тим за оваа пригода испаднаа Давид Бабунски, Мите Цикарски и Дени Илиев. Со две победи можеме и до третото место во групата Г во квалификациите за мундијалот во Русија, но за тоа ќе треба никој од конкурентите да не освојува бодови, но и тоа сигурно нема да не однесе на завршницата од СП.





