Американскиот магазин „Тајм “објави своја листа на пет најбарани бегалци во 2018 година на која е и косовскиот премиер.
Рамуш Харадинај, според магазинот, станал познат за време на конфликтот во Косово.
„Како командант на ОВК тој беше обвинет дека учествувал во тортура и убиства на Срби, но поради недостаток на докази, Судот на ОН, го ослободи во 2008 и 2012 година“, пишува „Тајм“ кој дополнува дека Србија бара Харадинај да биде екстрадиран за да се појави пред српските судови.
Инаку, на списокот на магазинот, покрај Харадинај се наоѓаат каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, имамот Фетула Ѓулен, кој живее во САД и за кој екстрадиција бара Турција, како и поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е политички активен во Украина.





