Немирите, кои започнаа синоќа во градот Белимена, кој се наоѓа на околу 45 километри од Белфаст, во Северна Ирска, предизвикаа значителна штета на неколку згради, а видеата на социјалните мрежи покажаа сцени на насилство, објави Ројтерс.
Полицијата ги повика граѓаните да избегнуваат понатамошни судири. Според извештајот на Би-Би-Си, стотици демонстранти се собраа во Балимена како одговор на обвиненијата против двајца тинејџери кои претходно се појавија на суд во Колерајн, обвинети за наводен сексуален напад врз 16-годишно девојче во Антрим. Ирските медиуми објавија дека обвинетите тинејџери, за кои се вели дека се од романско потекло, се појавиле на суд со преведувачи, додека нивните идентитети не се откриени поради нивната возраст.
Улиците во центарот на градот Балимена, се претворија во хаос во понеделникот вечерта, кога маскирани млади луѓе нападнаа полициски возила и фрлаа проектили кон полицајците, некои палејќи згради и кршејќи прозорци. Снимките од насилните сцени прикажуваат куќи во пламен. Во едно видео, маскиран маж беше виден како фрла предмет кон полициски комбиња додека толпата гледаше.
Полициските службеници за немири ги преплавија улиците во близина на Клонавон Терас, за да го стават нередот под контрола, блокирајќи ја областа. „Голем број проектили се фрлени кон полицијата, а е пријавена штета на голем број имоти“, изјави портпаролот на полицијата.






