Јоханес Хан, комесар на Европска унија за добрососедска политика и за проширување, ја поздрави денешната ратификација на македонско-бугарскиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка без да ја именува Македонија, идентификувајќи ја со македонското државно знаме и со зборот „земјата“?!
„Ратификацијата од Парламентот на (македонско знаме) на договорот за пријателство со (бугарско знаме) е важен чекор во вистински правец на патот на земјата кон ЕУ. Договорот исто така е за добрососедски односи во целиот регион на Западен Балкан“, порача Австриецот преку својот профил на „Твитер“.
Изоставувањето на името на државата на која Хан ѝ честита предизвика реакции од македонски твитерџии, кои на еврокомесарот му порачаа: „Македонски парламент, македонски народ, македонски јазик, македонска држава, Република Македонија, едноставно…“, „Република Македонија е името на мојата земја“ итн.




