Луис Хамилтон имаше најдобро време во квалификациите и утре рано ќе ја поведе 16 трка од Светското првенство во Формула 1 што се одржува на патеката Сузука. Британецот кому ова му е десетта пол позиција сезонава, но и прва во кариерата на Јапонското Гранд При, во пресрет на новиот натпревар има 34 бодови повеќе од Себастијан Фетел кој ќе тргне како трет, зад двоецот на Мерцедес Хамилтон и Ботас.





