Националната анкета на Ен-Би-Си покажува дека Камала Харис има за 5 проценти повисок рејтинг од Доналд Трамп во пресрет на претседателските избори во САД.



Оваа бројка е за вкупниот број на гласачи што не мора да го одреди победникот на изборите во САД затоа што таму во системот на гласање поважен е бројот на гласови освоен на ниво на федерални држави па така иако Хилари Клинтон пред 8 години имаше два милиони гласови повеќе на ниво на граѓани на крајот загуби од Трамп.

Импресивните 5% предност го одразуваат од растечкиот ентузијазам кај демократите пред гласањето.

Само 6 недели пред денот на изборите, 49% од испитаниците велат дека ќе гласаат за Харис наспроти 44% поддршка за Трамп.

Иако тој резултат е во рамките на маргината на грешка, има забележителна промена во однос на анкетата во јули, кога водството беше 2 отсто, забележа Ен-би-си

Популарноста на потпретседателката и кандидат за Белата куќа, Камала Харис  порасна за 16% од јули…