Македонската фудбалска селекција позитивно одговорила на барањето на Палермо и го ослободува стрелецот да настапува за својата екипа во Серија Б и да го пропушти пријателскиот меч на нашата најдобра репрезентација против Норвешка закажан за сабота (18.30) во Скопје. Илија Несторовски е во врвна форма и постигна пет гола во последните 20 дена за Сицилијанците.
Нашиот селектор Игор Ангеловски денеска го повика Кире Марковски како замена за Несторовски, но и за Никола Ѓорѓев кој поради повреда исто нема да и се приклучи на националната екипа. Спорни, од идентични причини, во моментов, се и Кире Ристевски, Висар Муслиу и Аријан Адеми.
Инаку со слични проблеми се соочува и норвешкиот слектор Ларс Лагербек кој веќе се откажа од четворица стандардни.





