Функционерот кој ја напушти Левица цели 6 месеци чекал на прием кај лидерот на партијата Димитар Апасиев.
Во дебата со други членови на левица братот на Дарко Масларковски кој обвини дека Левица игра за други моќни фактори и замина од неа открива дека половина година тој не добил прием кај лидерот Апасиев за да ги искаже своите забелешки за функционирањето на Левица.
,,Рики кој дава мандат народ или партија, тие скоро 6000 гласа се изработени од нас и нашето предходно делување.
Ако им стало толку нека се јават од горните, но не верувам дека ќе најдат време пошо чекавме прием кај Димо 6 месеци”, пишува Жарко Масларковски кој претходно објави зошто заминува од партијата пред избори.





