За време на мечот на Вардар и Силекс (3-1) од нашата Прва фудбалска лига на арената Филип втори во Скопје се случуваше и дел од свадба. Поточно станува збор за оној задолжителен сегмент од секоја веселбата кој предвидува фото сесија на младенците. Момчето очигледно голем фан на црвено црните ја донесе убавата невеста на боиштето за фудбал, што наиде на одобрување и одушевување кај сите присутни на најголемиот македонски спортски објект.



Можеби е тоа и вистински начин да ја упати на должностите и обврските во бракот кои, задолжително предвидуваат и време за фудбал.