На хартија европските членки на НАТО имаат 1,9 милиони воен персонал, но експертите на „Фајненшел тајмс“ проценуваат дека реалната бројка не е поголема од 300.000.
Во Европа бројот на воени контингенти се намалува од година во година, истакна поранешниот помошник генерален секретар на НАТО и експерт на Европскиот совет за меѓународни односи, Камил Гранд. Дополнително, никогаш немало потреба масовно да се испраќаат европски војници да водат воени дејствија, па бројот на формации бил ограничен на неколку стотици.
Гранд смета дека е важно европските земји да се фокусираат на надополнување на нивните армии, бидејќи поддршката на САД во ова прашање не е загарантирана.
„Ако дојде до криза, мора да можеме да ја убедиме руската страна дека на патот не им стои само полската армија“, вели поранешниот помошник генерален секретар на НАТО.





