Контроверзниот професор Љубомир Фрчкоски, екс заменичката министерка за правда Викторија Мадиќ која зборуваше за внес на Егејците во уставот, екс амбасадорот Андреј Жерновски, професорката и потпретседателка на партијата Ана Чупеска, ќе бидат меѓу панелистите на утрешната трибина на СДСМ.
Tрибината на СДСМ е носи назив: „Македонија понижена!“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Трибината ќе се случи во седиштето на СДСМ во Скопје а на неа нема да се збори за тоа што го прави СДСМ туку за тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ.
Трибината започнува во 12.00 часот, предвидени се вкупно пет панели, со по неколку излагања на понелисти од различни области, со учество на експерти, членови на раководството, на партиските комисии и завршен панел на којшто ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, стои во најавата на СДСМ.
▫️
Трибината ќе започне на пладне со воведно обраќање од Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ по што ќе почне Панел 1 во кој ќе бидат опфатени теми од економијата, животниот стандард, земјоделството и транспортот и на којшто ќе се обратат: Агрон Демири, Трајан Димковски и Митко Трајчулески.
Во Панел 2 во кој ќе бидат опфатени темите од образованието, здравство и младите и на којшто ќе се обратат: проф. Петре Трајковски, д-р Елена Радеска и Трајче Стојчевски (претседател на СДММ)
Во Панел 3 во којшто ќе бидат опфатени темите за безбедноста, правдата и судство и на којшто ќе обратат Викторија Мадиќ и проф. Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.
Во Панел 4 во којшто ќе бидат опфатени темите за локална политика, ЕУ, домашната и надворешната политика и на којшто ќе се обратат: потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, проф. Љубомир Фрчкоски и Андреј Жерновски – член на ИО на СДСМ.
Во Панел 5 е предвидено обраќање на претседателот на СДСМ Венко Филипче.






