Фрчкоски испраќа ,,бесшумен шум” до Канал 5

Лоша информација за почитувачите на емисијата „на кавга со Иван“, објави Канал 5 денеска.



Од таму информираат дека професорот и амбасадор Љубомир Фрчкоски откажал веќе договорено интервју.

,,Иако почитуваниот интелектуален титан, Љубомир Фрчкоски, самиот бараше да гостува во оваа емисија уште на 22 мај, и гостувањето за 9 јуни беше потврдено од двете страни, вчера тимот на Канал 5 ТВ доби неочекувана порака од него во која отприлика се вели:

– Поради однапред договорена конференција, која ќе се одржала баш во понеделник и баш на 9 јуни 2025 год, почитуваниот Фрчкоски вчера ни го откажа гостувањето во „на кавга со Иван“.

Не сакаме да имаме ниту милиграм сомнеж дека конференцијата е само алиби за евентуално „бегство“ од ова адреналинско интервју, па затоа му понудивме на ексамбасадорот во ОН најмалку 7 алтернативни денови и 14 алтернативни термини за снимање на посочената емисија.

До моментов, добиваме само бесшумен шум од другата страна, а ние ја потврдуваме посветеноста да го видиме почитуваниот Фрчкоски во било кој термин на фреквенцијата на Канал 5 ТВ а во нашата популарна “кавга”, се вели во објавата на телевизијата.

За крај, наредниот понеделник на емисијата ќе гостува вицепремиерот Иван Стоилковиќ кој требало да биде последен гостин во оваа сезона од “на кавга со Иван”, објави Канал 5.