Партијата на Македонците во Србија со барање претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да го отповика амбасадорот на Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски по нејзината изјава дека не била консултирана за гласањето за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.



„Како најголема организација на Македонци во дијаспората, која е судски регистрирана во Србија со 21 градски одбор и со 4.850 членови, бараме веднаш да се отповика амбасадорот во ООН, бидејќи гласал без консултации со претседателката на државата, загрозувајќи ги државните и национални интереси. Бараме да му се одземе агреманот што го дава претседателот на државата и да се отповика од местото амбасадор во ООН“, наведува Партијата на Македонците во Србија.

При гласањето за Резолуцијата за Сребреница, претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со ова изнесе став дека нашиот амбасадор во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

Во барањето се наведува дека наскоро се очекува гласање во Советот на Европа и се укажува Собранието на Македонија да разгледа и испита кој и како ќе гласа, со цел, како што се нагласува, да не се спроведувааат лични ставови кои не се ги одразуваат и не се во согласност со ставот на македонското Собрание.