Состојки:
– 6 јајца
-ситно сецкан свеж праз – 2 лажички
-млеко – 2 лажички
– 1/4 лажичка сол
-сушена мајчина душичка
-бибер
-сецкана црвена или зелена пиперка
-350 гр. тврдо варени компири
– 90 гр. крупно сецкана шунка
-рендано сирење
-зејтин

Начин на подготовка:
Скршете ги јајцата во еден сад, и дадете ги празот, млекото, солта, мајчина душица и биберот, и убаво промешајте ја целата смеса.
Ставете 1,5 лажица зејтин во тавче за готвење. Додадете ја пиперката и промешувајте на средна температура околу 1 минута. Додадете ги компирите и постојано мешајте ја смесата околу 8-10 минути, се додека компирите не добијат кафена боја. Дoдaдете ја и шунката и мешајте уште околу 1-2 минути.
Додадете ја смесата од садот (чекор 1) во тавчето и гответе на средно-ниска температура околу 6-9 минути. Повремено поткревајте ги краевите на смесата за да биде подеднакво потпечена од сите страни. По потреба може да додадете уште малку зејтин.
Додадете го сирењето и покријте го тавчето се додека сирењето не се стопи (околу 1 минута).
Исечете ја питата на парчиња и сервирајте.





