„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, соопшти доцна синоќа француското Министерство за надворешни работи.



Вчера Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан ги обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и тројцата водачи на Хамас за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа и во Израел.

„Злосторствата извршени во Газа мора да бидат кривично гонети на највисоко ниво, без оглед на сторителите“, објави во исто време белгискиот министер за надворешни работи, Хаџа Лахбиб.

Но, американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше напорите на Меѓународниот кривичен суд да бара потерници за воени злосторства за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Јасно е дека Израел сака да направи се’ што може за да обезбеди цивилна заштита. Дозволете ми да бидам јасен, ова што се случува не е геноцид“, рече Бајден.