На 14 февруари, Франција го поддржа воведувањето на закон во парламентот кој строго ќе ги казни критичарите на вакцините и третманите со помош на технологии како што е mRNA.
Оваа вест предизвика жестоки дебати за слободата на говорот и јавното здравје на социјалните мрежи и во медиумите, пренесува Индекс.хр.
Критичарите му дадоа на законот навредливо име „Article Pfizer“ затоа што Фајзер, заедно со Модерна, е една од двете компании кои развија вакцина mRNA против Ковид-19.
Тие предупредија дека законот претставува преседан во глобалната здравствена политика и покренува прашања за деликатната рамнотежа помеѓу индивидуалните права и државната контрола кога станува збор за јавното здравје.
Особено силна реакција предизвика најавата дека новиот закон ќе воведе многу строги казни за критичарите на третманот препорачан од државата – казна затвор до три години или парична казна до 45.000 евра.
Критичарите го протолкуваа овој потег како антидемократски маневар, кој може со тешки законски казни да ја задуши секоја критика за медицинските третмани одобрени од државата
Критичарите, исто така, тврдат дека законот исто така ја осудува алтернативната медицина и потенцијалните „свиркачи“ кои би можеле да имаат легитимна загриженост за технологијата на mRNA или други третмани.
Поддржувачите на законот истакнуваат дека неговата намера не е да ги заштити фармацевтските компании како Фајзер од критики и преиспитувања на медицинските третмани како што е технологијата mRNA, за која минатата година беше доделена Нобеловата награда бидејќи се покажа како корисна за лекување на бројни болести – од вирусни преку срцеви до тумори.
Тие веруваат дека законот првенствено е насочен против неосновано оцрнување на медицински упатства со цел да се одвратат луѓето од одобрените третмани за спасување животи, а истата клевета се користи за промовирање на надрилекарството, без никаква одговорност за последиците.






