„Европскиот Фронт е предизвикот кој Албанците ќе го изберат на изборите кои доаѓаат.
Ние сме знаеле да се обединиме кога сме биле во голем ризик, овојпат има една разлика, се обединуваме да ги спречиме ризиците кои доаѓаат од Истокот, и што побрзо оваа земја, сите заедници да бидат дел од Западот, каде е слободата, економскиот развој“.
Ова го изјави лидерот на отцепеното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по потпишувањето на договорот со лидерот на ДУИ, АЛИ Ахмети, за заеднички настап на парламентарните избори.
Одлуката, крилото на Алијанса за Албанците (АА) предводено од Зијадин Села на претстојните избори да се приклучи на „Европскиот фронт“ предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше донесена во четвртокот на седница на Централното собрание на партијата.
„Денес е моментот да бидеме заедно, бидејќи опасноста доаѓа од исток . Тие преместуваат цел арсенал оружје до нуклеарни боеви глави. Ни треба единство за да бидеме пред сите други“, рече лидцерот на ДУИ Али Ахмети.
„…денес е моментот да бидеме заедно, бидејќи опасноста доаѓа од исток . Тие преместуваат цел арсенал оружје до нуклеарни боеви глави. Ни треба единство за да бидеме пред сите други“, рече во своето обраќање на настанот синоќа во Гостивар.
„Со силни мандати да се каже ДА на Европа и НЕ на Русија, продолжи првиот човек на ДУИ, затоа што нашите национални преродбеници кажаа „Сонцето за Албанците изгрева на Запад“, а оваа порака на Наим Фрашери не натера минатото да го оставиме зад нас.
Секако дека сме имале политички конфронтации, но никогаш не сме ги претвориле во непријателство. Овој сојуз вечерва го докажува тоа, затоа вие претставници на сите партии на Фронтот ќе се соочите и ќе се гордеете што не се срамиме, бидејќи нашата мисија е историска. На 24 април ќе ја одбележиме најголемата победа со Бујар Османи за претседател, додека на 8 мај историската победа со Европскиот фронт“ реќе лидерот на ДУИ.
Со силни мандати да се каже ДА на Европа и НЕ на Русија, продолжи првиот човек на ДУИ, затоа што нашите национални преродбеници кажаа „Сонцето за Албанците изгрева на Запад“, а оваа порака на Наим Фрашери не натера минатото да го оставиме зад нас.
„Секако дека сме имале политички конфронтации, но никогаш не сме ги претвориле во непријателство. Овој сојуз вечерва го докажува тоа, затоа вие претставници на сите партии на Фронтот ќе се соочите и ќе се гордеете што не се срамиме, бидејќи нашата мисија е историска. На 24 април ќе ја одбележиме најголемата победа со Бујар Османи за претседател, додека на 8 мај историската победа со Европскиот фронт.
На „Европскиот фронт“, коалицијата предводена од ДУИ претходно пристапија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, Демократската партија на Турција, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд и Унијата на Ромите.





