Актуелната претседателка на ЕК Усула Фон дер Лајен доби 401 глас „за“, а 284 беа „против“ на гласањето. Пред 5 години, таа беше избрана со тенко мнозинство од 9 гласа.
Урсула фон дер Лајен беше реизбрана за претседателка на Европската комисија на денешното гласање во Европскиот парламент, кое што претставуваше најголем тест досега за нејзините политики.
„Изминатите 5 години покажавме што можеме да направиме заедно. Да го направиме тоа повторно“, кажа таа по гласањето.
Реизборот на 65-годишната германска политичарка следеше по неколкудневните преговори меѓу најголемите пратенички групи во ЕП. Иако трите најголеми групи – Европската народна партија, Социјалисти и демократи и либералите од Обнобва на Европа, имаа доволно гласови за нејзиниот реизбор, внатрешните несогласувања значеа несигурно мнозинство, па Дон дер Лајен беше принудена да бара поддршка од Зелените и од Европските конзервативци и реформисти.






