Мирисот на изгорено и натаму се шири од објектот на пеплосаната дискотека „Пулс“ во Кочани. Уличките што водат до неа сè уште се затворени за движење, а полицијата не дозволува пристап до објектот. Околината е тивка и траорна, пренесе 360 степени.
Малкуте луѓе што поминуваат во близина во молк фрлаат понекој поглед кон објектот и кон новинарските екипи. Непосредно до влезот на дискотеката живее 69-годишниот Бранко кој кобната ноќ бил сведок на целата трагедија.

- „Многу ми е тешко да зборувам. Мртви тела вадеа постојано. Јас им помагав на екипите со сè што можев. Мајсторчето што работи во блиската работилница е тешко повредено и се лекува во Турција. Има само 24 години. Сè уште не можам да спијам, премногу сум вознемирен”, едвај зборуваше тој со екипата на „360 степени“.
Човек вработен во локалната подружница на ЈП за државни патишта, која е во близина, на новинарските екипи им покажуваше како најблиску да пристапат до изгорената дискотека. Повеќе на порталот 360 степени.





