Стружанка синоќа е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила кога на крстосницата на булеварот Туристичка и улицата Дејан Војвода во Охрид. Патничко возило марка „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.С. (43) од село Лешани, општина Дебарца удрило во пешак К.С. (43) од Струга.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (43) , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид – информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.





