Фотографијата на денот доаѓа од центарот на Скопје, кадешто црквата „Свети Цар Константин и Елена“ конечно ги доби своите свети крстови, симболи на верата и на духовното воскресение.



Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања, кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970-тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Возобновувањето било замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“. Но, по бурните реакции на муслиманите и на атеистите, локацијата е преместена непосредно до Домот на Армијата на Република Македонија. Камен-темелникот е поставен и темелите се осветени на 11 ноември 2012 година.

На второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.