Фото на денот: Првиот Македонец на петтиот највисок врв на светот

Велигденскиот подвиг на Сашко Кедев, кој завчера стана првиот Македонец што се искачил на Макалу (8.485 метри), петтиот највисок планински врв во светот, овековечен во фотографијата на денот што ја сподели на Твитер некогашната министерка за култура Ганка Цветанова.



За македонскиот кардиохирург и планинар врвот на Хаималаите, на непалско-кинеската граница, е деветти над 8.000 м што го освоил од вкупно 14 на планетата.

Макалу се наоѓа 19 км југоисточно од највисокиот светски врв Монт Еверест (8.848 м), кој Кедев го искачи на 19 мај 2009 година како трет Македонец кому му успеало тоа.