Фото на денот: Министерката за култура на партиски митинг во стилот на Рама

Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура од СДСМ и во владата на техничкиот премиер Талат Џафери, со стајлингот на партискиот собир на владејачката партија во Охрид потсети на албанскиот премиер Еди Рама.



Двајцата го делат претпочитањето на спортските обувки од брендот „Адидас“, кои Рама не се стеснува(ше) да ги носи ни пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а Костадиновска-Стојчевска продефилира со нив „само“ на предизборен митинг.

Пред точно една година токму министерката за култура се најде на удар на јавноста во Македонија за несоодветната облека (патики, џинс) во која се појави како дел од македонската делегација на преземањето на благодатниот оган во Ерусалим.