Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, не пропушта да овековечи свое присуство во дивините на Аризона, каде што живее, со задолжително национално обележје на државата и народот чиишто идентитетски права ги застапува и по разрешувањето од тогашната Влада на Зоран Заев во 2017 година.



„Ја донесов #Македонија со мене во дивината на карпите во планините Каталина во јужна Аризона!“, објави Мико на Твитер покрај фотографијата на денот во која држи шал со натпис „Македонија“ и со националниот симбол на Македонците – шеснаесеткракото Сонце од Кутлеш.