Македонската заедница во италијански Канели, на чело со македонската активистка во Италија и претседателка на здружението на Македонците „Камен Мост“ од Канели, Илона Захариева, организираа пречек во македонски стил на учесниците во велосипедската трка Тур де Франс.
За време на третата етапа од годинашното издание на најпрестижната трка во овој спорт во светот Захариева, нејзиниот син и други Македонци со македонското знаме со Сонцето од Кутлеш ги пречекаа најдобрите светски велосипедисти „по македонски“.






