(Фото на денот): До кога ЈСП ќе си игра мајтап со скопјани?!

Новите валидатори за билети поставени на задната врата во автобусите на ЈПС „Скопје“ откако се поставени – никако да проработат. Апаратите за плаќање светат, како се да е во ред, но патниците не можат да го поништат билетот. Тие со недели реагираат дека се прават огромни гужви, и дека само на валидаторот поставен на предната врата можат да го поништат билетот кој уредно, како што велат, го платиле, и редовно плаќаат за катастрофална услуга како никогаш до сега. Тоа, додаваат, создава дополнителни гужви во автобусите кои и така ги нема, а кога ќе дојдат се преполни со патници.



Фото: Експрес.мк (не смее да се преземаат фотографиите без да се наведе изворот).

Експрес лично се увери во овој проблем, и посети неколку автобуси на ЈСП, и проблемот навистина е и повеќе од лош.

Дека валидаторите не работат откако се поставени, веќе информираше Експрес, до каде пристигнуваа фотографии и еден куп реакции од граѓаните кои нервозни не можат да си завршат работа. Но и покрај сите апели, пак попусто. Надлежните никако да ги засукаат ракавите и сериозно да поработат на проблемот. До кога ќе си тераат самоволно, останува само да видиме.

Поставувањето на валидаторите е откако имаше бурни реакции за хаосот во јавниот градкси превоз. Скопјани, кои го користат постојано јавниот градски превоз, се зачудени поради тоа што валидаторите на задните врати на автобусите не работат.

  • Не знам зошто, но кога се качив во автобусот со број 27, валидаторот кај задната врата на автобусот беше покриен со црна кеса, па морав да одам на предната врата, каде што апаратот работеше – објасни жителка на Скопје.

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) појаснија дека е во тек надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП и  приватните превозници, согласно договорот со конзорциумот, софтверската компанија „Аитоникс“ – Македонија.