Фото на денот: Бакнежот од таткото Тоде за Волкановски по триумфот во Мајами

Тоде Волкановски го следи во чекор својот син Александар „Велики“ Волкановски, па така беше и во Мајами, кадешто австралискиот ултимејтфајтер од македонско потекло си го врати шампионскиот појас во перолесна категорија, па гордиот татко му честита со прегратка и бакнеж во октагонот по триумфот над Диего Лопес од Бразил.



Тоде е роден во битолското село Беранци, од кадешто животниот пат го одвел во Австралија, па во чест на своите македонски корени по татко двократниот УФЦ-првак имаше фрагмент од сонцето од државното знаме на Македонија на опремата што ја носеше во борбата со Лопес.