Капитенот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Наташа Андонова, на својот профил на Фејсбук ја објави фотографијата на денот, во која со колешката од националниот тим Гентјана Рочи го слават со македонското знаме триумфот над Летонија од 4:3 вчера во Рига.
„Секогаш е чест да се претставува својата земја“, напиша Андонова на англиски над фотографијата.
Андонова и Рочи постигнаа по еден гол на стартот од групата 2 во дивизијата Ц на Лигата на нациите, воедно и квалификациски за Европското првенство.






