Фотографија од милион зборови ја опишува катастрофалната средба Трамп – Зеленски во Белата Куќа (ВИДЕО)

Во еден момент од средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски се случи моментот кој ќе биде запишан во историјата.



За време на вжештената дебата меѓу Трамп и Џеј Ди Венс од една страна и Зеленски од другата, амбасадорката на Украина во Вашингтон Оксана Маркарова, се фаќа за глава.

Во неколку наврати од видеата се гледа како таа реагира на кавгата меѓу Трамп и Зеленски за на крајот со една рака да се фати за глава како реакција на катастрофалната средба меѓу нејзиниот шеф и најмоќните луѓе на светот.

Брзо потоа Зеленски и неговиот тим биле практочно избркани од Белата Куќа.

Договорот за минералите поради кој Трамп и Венс го поканија Зеленски во Вашингтон остана непотпишан, откако тројцата водеа брутална отворена сесија во Овалната соба на Белата куќа пред целата светска јавност.

Зеленски замина од Белата куќа без да одговари на прашањата од новинарите кои довикуваа од страна.

ББЦ соопшти дека кратко по кавгата американскиот претседате ги испратил Државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц да им кажат на Зеленски и неговата делегација дека треба да си одат од Белата куќа.

Видеото од кавгата

https://x.com/sentdefender/status/1895530878580973981?t=EaIo-4mJ4hRk6k36MCpj4Q&s=19