Формирана македонско-косовска група за изградба на патот Тетово-Призрен

 

„Со гордост и фалење, ја споделуваме добрата вест дека е формирана заедничка работна група меѓу *Македонија и Косово за стратешкиот проект за изградба на патот Тетово-Призрен“, соопшти коалицијата ВРЕДИ во соопштение за медиумите.



„Со формирањето на оваа група, започнуваме нова фаза на дејствување и ангажман! Преку овој проект, ќе поврземе два историски града и ќе го олесниме движењето на граѓаните, сооптштија од ВРЕДИ.

(…)

Имињата на членовите на групата веќе се избрани од двете страни и работата ќе започне со највисока професионална посветеност.

Во иднина се очекува тесна координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање, а потоа и имплементација на терен. Доказ за сериозноста на нашата работа е и формалниот потпишан документ, каде што се назначени членовите на работната група.

Буџетот за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај“, се наведува во соопштението за јавноста на ВРЕДИ

За ВРЕДИ приоритет е и патот Тетово-Призрен со тунел под Шар Планина