Фон дер Лајен: Срамни сцени во Софија

Насилството и вандализмот никогаш не се решение, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во врска со вчерашните насилни протести пред Канцеларијата на ЕУ во бугарскиот главен град Софија.



„Срамни сцени во Софија каде нашата ЕУ канцеларија беше оштетена“, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Фон дер Лајен реагира на инцидентите за време на протестите против плановите на властите за замена на левот со еврото во 2026 година, што ги организираше бугарската екстремно десничарска партија „Преродба“ пред Канцеларијата на Европската Унија во Софија, на кои учествувале околу илјада лица.

Приврзаници на „Преродба“ фрлале боја, петарди и молотови коктели кон Канцеларијата на ЕУ, а до инцидентот дошло кога дел од нив се обиделе да упаднат во објектот, но биле спречени во таквата намера од страна на полицијата.

Десет полицајци повредени, шест демонстранти приведени по протестот во Софија против еврото