Фон дер Лајен задоволна што Трамп се пишмани за царините

Шефицата Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „паузирање“ на реципрочните царини Ројтерс.



Според неа „паузата“ од најавените 90 дена, ќе помогне во стабилизирањето на глобалната економија.

„Јасните, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, напиша фон дер Лајен во објавата на платформата за социјалните медиуми X.

Таа додаде дека тарифите се даноци кои само им штетат на бизнисите и на потрошувачите.

„Затоа постојано се залагав за договор за царини од нула до нула меѓу Европската унија и САД“, рече таа.

Паузата беше најавена откако вчера земјите-членки на ЕУ гласаа за предлогот на Европската комисија за воведување трговски одмазднички мерки против Соединетите држави.

Пакетот вклучува 25 отсто од широк опсег на американски извоз во вредност од околу 22,1 милијарди евра.

Трамп се пишмани – ги суспендираше високите царини за земјите, освен за Кина, за која ја зголеми на 125%