Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која е кандидат Европската народна партија за уште еден мандат е уверена дека ќе добие потребно мнозинство во новоизбраниот Европски парламент.
„Да, уверен сум за новиот мандат, но секако има уште многу работа пред мене“, изјави Фон дер Лејен.
Во изјавата по објавувањето на првите привремени резултати за Европскиот парламент, таа изрази задоволство од успехот на Европската народна партија (ЕПП), која и натаму останува со најмногу претставници и „сидро на стабилноста“.
„Овие избори ни испратија две пораки, првата е дека сè уште има центристичко мнозинство за силна Европа и тоа е клучно за стабилноста.
Но, точно е и дека екстремите од левицата и од десницата добија поддршка и затоа овој резултат бара уште поголема одговорност на партиите од центарот“, рече Фон дер Лејен.
Таа најави дека од денеска ќе контактира со другите две водечки политички групи, социјалдемократите и либералите, со кои сака да воспостави широка коалиција за силна Европа. Таа рече дека секој кој е проевропски, кој ја поддржува Украина и владеењето на правото е добредојден.
Фон дер Лајен предупреди дека светот е во превирања, дека силите внатре и надвор од ЕУ се обидуваат да ја дестабилизираат и ослабат Европа.
„Ние никогаш нема да го дозволиме тоа. Овие изборни резултати покажуваат дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа“, рече таа.






